Научна конференција - лидерството е моќ на личноста, не на полот”

ФОН Универзитет домаќин на научна конференција “И во македонската култура - лидерството е моќ на личноста, не на полот”

Жената лидер, ставајќи посебен акцент на жената во Р. Македонија е од исклучиво големо значење како во државите членки на ЕУ така и во државите на Западен Балкан и Република Македонија. За таа цел во петок, 14 ти декември 2018 год. ФОН универзитет беше домаќин на Научна конференција на тема “И во македонската култура - лидерството е моќ на личноста, не на полот”, поддржано од Министерството за култура на Р. Македонија.

Актуелноста на темата беше елаборирана и поддржана како од професори, гости и студенти од ФОН универзитет и други универзитети во Р. Македонија, така и од страна на високи претставници на дипломатскиот кор во Р. Македонија, Н.Е. Матс Стефансон, Амбасадор на кралството Шведска во Р. Македонија и Н. Е. Емилио Лоренцо Сера Амбасадор на кралството Шпанија во Р. Македонија.

Амбасадорите заедно со домаќинот, ректорот и поранешен амбасадор проф. д-р Нано Ружин, ја потенцираа потребата од подеднакво вреднување на придонесот на жените како и на мажите во сите сфери од опшественото живеење. Презентирајќи реални примери за придобивките од почитувањето на родова еднаквост и укажувајќи на недостатоците од намерната или ненамерна родова дискриминација, амбасадорите упатија на современи практики на делување кои во иднина би допринеле во креирањето на успешни демократски вредности и манири на однесување како во Р. Македонија така и пошироко во земјите од западен Балкан.

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?