НАТПРЕВАР - ФОТОГРАФИЈА ИЛИ ВИДЕО - ИНСПИРИРАНИ ОД КНИГА

Драги студенти на ФОН, книгољупци, пријатели на Читачкото катче на Универзитетот ФОН

Учебната година ја започнуваме со нов предизвик – натпревар за најдобро осмислена фотографија проследена со слоган и/или кратко видео, инспирирани од вашата омилена книга /книги.  

Со слика и збор, на автентичен и креативен начин, споделете ја вашата дружба со книгата што ја препорачувате.

Доколку се работи за македонски автор, слоганот и/или коментарите во видео снимката се на македонски јазик.

Доколку се работи за странски автор, слоганот и/или коментарите во видео снимката може да бидат на македонски и/или на јазикот на кој делото е напишано во оригинал/ делото е изворно напишано.

Натпреварот е наменет за студенти од прв циклус (сите факултети) на Универзитетот ФОН.

Натпреварот се состои од 4 категории:

1.       Фотографија со слоган – за книга од македонски автор

2.       Фотографија со слоган – за книга од странски автор

3.       Кратко видео – во времетраење не подолго од 5 минути – за книга од македонски автор

4.       Кратко видео – во времетраење не подолго од 5 минути – за книга од странски автор

Адреса на која се доставуваат решенијата: kniga.natprevar@gmail.com

Рокот за доставување на решенијата е 30 ноември, 2018

Резултатите од селекцијата ќе бидат објавени на 15 декември, 2018                                                                              

Селекцијата ја врши независно тело – комисија составена од експерти од релевантните области.

Од секоја категорија се одбира едно решение.

Најдобрите решенија од секоја од наведените категории ќе бидат наградени со финансиски ослободувања врзани за студиите (ослободување од плаќање школарина за летниот семестар во учебната 2018/2019. Доколку станува збор за апсолвенти, награда ќе претставува ослободување од финансиската обврска врзана за дипломскиот труд.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?