Финале на Фабрика на знаење 2017

Универзитетот ФОН ја одржа шестата по ред Фабрика на знање. Оваа година како дел од проектот беа пет компании (Виталија, Попова Кула, Клиника -  Жан Митрев, Музеј на современата уметност, АД Еуросиг осигурување)

Финалето на овогодинешната Фабрика на знаење се одржа во Музејот на современа уметност, во присуство на државно-владиниот врв, членови на дипломатскиот кор и претставници на бизнис секторот. На крајот на настанот присутните уживаа во музиката на Влатко Стефановски и Гаро Тавитијан.

Студентите од 9 факултети поделени во по два тима по компанија, работеа на конкретно зададени задачи и предизвици од компаниите и институциите. По 5 месечна работа на проектите, претставниците на компаниите и институциите ги соопштија победничките тимови, како и вработувања за најдобрите студенти. Вкупно 150 студенти и 30 ментори и професори беа дел од овогодинешниот проект.

Фабрика на знаење е наставно-научен и апликативен проект на Универзитетот ФОН со кој се спојуваат студентите, бизнис заедницата и јавните институции на едно место, во насока на реализација на поставените задачи.

Целта на проектот е да се создадат реални и квалитетни производи од страна на студентите, како зададена задача од партнерските компании кои учествуваат во проектот. Фабрика на знаење се обидува за првпат кај нас да ја конкретизира соработката на високообразовните институции и реалниот сектор.

Од оваа година Фабрика на знаење станува дел од интернационализацијата на ФОН Универзитет со меѓународни компании и Универзитетите во Валенсија, Милано и Вашингтон со кои ФОН потпиша договори за двојни дипломи. Па така студентите од академската 2017-2018г. ќе го интернационализираа своето знаење и дипломи преку New Generation Program.

Целата галерија може да ја погледнете на овој ЛИНК

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?