Влатко Стефановски, почесен доктор на науки на ФОН

Сенатот на Универзитетот ФОН, на седницата одржана на 15 јуни 2017 година, донесе одлука за доделување на почесен докторат (Doctor Honoris Causa) на Влатко Стефановски, во рамките на Факултетот за дизајн и мултимедија.

Одлуката е донесена врз основа на фактот дека Влатко Стефановски е едно од најистакнатите амбасадори на македонската музика и култура во Европа и светот.

Неговиот богат музички опус, кој живее повеќе под 40 години е проткаен со виртуозни достигнување од рок-џез-енто популарната сцена, театарската и филмската музика, кои денес го носат епитетот на безвременски музички остварувања. Стефановски преку меѓународните соработки со врвни музичари од целиот свет, како и преку настапките со значајни големи оркестри со светско реноме веќе неколку децении ја промовира македонската култура во светот давајќи форма на највисоките вистински вредности на уметноста.

Стефановски е иновативен музичар со визионерски пристап кој допира и ќе допира до многу генерации. Неговиот придонес во музиката може да се дефинира како бележник и идентификација на еден долг и значаен период на постоењето на Република Македонија.

Одлуката за титула почесен доктор на науки се донесува врз основа на член 144 став 2 од Законот за високо образование на Р.М.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?