Информации за упис за академска 2017-2018

Универзитетот ФОН го распишува конкурсот за запишување на нови студенти во академската 2017/2018 година на сите факултети и сите одделенија на ФОН Универзитет.

Новозапишаните студенти ќе бидат студираат во некоја од следниве квоти:

- Квота 1 - 600 евра годишна школарина (300 евра по семестар), за ученици со среден просек од од 4.00 до 5.00

- Квота 2 - 800 евра годишна школарина (400 евра по семестар), за ученици со среден просек од 3.00 до 4.00

- Квота 3 - 1000 евра годишна школарина (500 евра по семестар), за ученици со среден просек под 3.00

ДОКУМЕНТАЦИЈА ФИНАНСИИ И УПАТСТВА:
 

Потребни документи за упис (во оригинал):

- Извод од матична книга на родени

- Државјанство

- Диплома за завршено средно образование 

- Сведителства од 1 до 4 година (просекот за некоја од трите квоти се пресметува без оцените од екстерно и матура односно само од сведителствата)

- Приемен лист (го добивате при поднесување на документите)

- 18.510 денари депозит за школарина (Остатокот од школарината согласно квотата во која е запишан студентот се доплаќа на рати)

- 800 денари семестрални трошоци 

- Средствата се уплаќаат на следнава жиро сметка 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка


* ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТ

ПАРТНЕРИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ 

* Нов студентски дом на ФОН Универзитет, повеќе информации на овој ЛИНК

* Целиот конкурс, може да го погледнете на овој ЛИНК


Доколку ви се потребни дополнителни информации може да се обратите на 02 2 44 55 03 или 070 345 999 или на info@fon.edu.mk

Со оглед на законската ограниченост на прием на студенти во некоја од горенаведените квоти, Универзитетот воведува систем за рано информирање за потполнетост на квотите. Идните студенти треба да ги остават информациите во следниот формулар и во текот на секоја недела во форма на СМС ќе добијат известување на расположливост на слободни места, како и информации за уписните рокови и денови.

 

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?