Трансфер на студенти во летен семестар 2018-2019

ТРАНСФЕР И УПИС НА СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТИТЕ ВО СОСТАВ НА ФОН УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА 

Трансфер и упис на прв и на втор циклус на студии се врши на следните факултети во состав на ФОН Универзитетот: 

- Факултет за економски науки 
- Факултет за правни науки 
- Факултет политички науки и дипломатија 
- Факултет за детективи и безбедност 
- Факултет за странски јазици 
- Факултет за дизајн и мултимедија 
- Факултет за информатика 
- Факултет за спортски менаџмент 
- Архитектонски факултет 

• Право на трансфер на студиите од други високообразовани установи од Р. Македонија и од странство, на факултетите во состав на ФОН Универзитетот, имаат студенти кои запишале најмалку една академска година или дипломирале на високообразовната установа од која доаѓаат. 

• Трансферот се врши во иста или сродна студиска програма во согласност со одредбите од Правилникот за единствениот кредит систем и преминот од една на друга студиска програма, односно од една на друга високообразовна установа. 

• Трансферот се врши врз основа на сродноста на положените испити и студиските програми од предходното образование. Трансфер и упис на студентите ќе се врши заклучно со 01 февруари 2019. 

Потребни документи за аплицирање за трансфер и упис: 

- Приемен лист (образец од ФОН Универзитет); 
- Исписница од високообразовната установа од која се врши трансферот; 
- Уверение за положени испити; 
- Диплома за завршено средно образование и сведителства од сите години (за трансфер и упис на прв циклус студии), односно Диплома или Уверение за завршен прв циклус студии (за трансфер и упис на втор циклус);
- Извод од матична книга на родените; 
- Уверение за државјанство.

- Уплатница 18.510 денари како депозит за школарина.

- Школарината за трансфер се пресметува на следниов начин.

Трансфер во прва година со годишна школарина од 600,800 или 1000 евра годишнo, врз основа на постигнатиот успех во средно училиште

Трансфер во втора година со годишна школарина од 800 евра.

Трансфер во трета година со годишна школарина од 1000 евра.

Трансферите согласно законската процедура се испраќаат најпрво на одобрување во Министерството за образование на РМ по што се врши упис доколку сите критериуми се задоволени. 

Дополнителни информации може да добиете на info@fon.edu.mk или 02 2 44 55 03 или 070 345 999

 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?