Дома · Контакт · e-Mail · Избери јазик: MK · ALB · EN 
Ф О Н   У Н И В Е Р З И Т Е Т
П Р В - П Р И В А Т Е Н - У Н И В Е Р З И Т Е Т - В О - Р . М .
   
 


Студенти

» е-Учење
» е-Маил
» Форум
» Радио
» Студентска организација
» Центар за кариера
» Практична работа

Центар за кариера

Секој од нас посакува во животот успех и среќа. Дали некогаш сме се запрашале во колкава мера околината во која се наоѓаме вистински придонесува за нашиот успех и среќа.

ФОН Универзитот, тргнувајќи од овој факт го оформи Центарот за развој и кариера каде се предадовме на тимско организирање и вклучување на сите ресурси за активно следење на студентите од нивното запишување до нивно вработување. За таа цел во изминатите години организиравме научно-едукативни семинари, тренинг курсеви, предавања на личности од дипломатскиот кор и експерти од полето на дипломатијата, обезбедивме соработка со Министерства од нашата држава, овозможивме практична работа на студентите во македонските амбасади во Европа, соработка со Централниот регистар на Р. Македонија, реномирани македонски банки итн.

Во составот на Центарот функционираат повеќе тимови:
меѓународна канцеларија;
односи со јавност;
локална и национална соработка;
внатрешна соработка;
советувалиште;
статиситичка обработка на податоци;
соработка со студентската организација.

Нашата визија е создавање стручен кадар кој успешно ќе се пласира во секоја организација, постигнувајќи притоа врвни резултати.

Центарот за кариера при ФОН Универзитетот, во соработка со AEGEE-Скопје, на студентите им нуди над 160 европски летни универзитети во 42 евроски градови ова лето.




 

Главна цел на Кариерниот центар е да нуди поддршка на студентите и дипломците во развивање на нивните способности, знаења и вештини, да пружи информации за можностите за дополнително образование и понуда за работа и пракса.



 


 

© First private university in RM - FON University 2010