Студентска организација
Студентскиот сојуз на ФОН Универзитетот е формиран во 2003 година и е првата студентска организација на приватен Универзитет во Pепублика Македонија.
Него го сочинуваат сите студенти на ФОН Универзитетот кои избираат демократски свој лидер и формираат студентско тело кое ги застапува сопствените интереси и се залага за подобрување на квалитетот на студиите.

Работи по статут одобрен од Студентската организација и во согласност со него координирано соработува со сите сектори на Универзитетот, ставајќи акцент на следниве активности:
Евалуирање на студиите и давање предлози за нивно доусовршување;
Организирање натпревари меѓу студентите;
Организирање спортско-рекреативни активности, заеднички дружења и хепенинзи;
Организирање манифестации од културно-уметнички карактер;
Давање сугестии и мислења во контекст на подобрување на квалитетот на наставата, а кои се од взмаене интерес за студентите и за наставниот кадар.
Студентскиот сојуз издава и свој весник во чија изработка се вклучени студенти кои покажуваат афинитети кон новинарската професија, а во кои се обработуваат теми кои ги засегаат и кои се предмет на интерес на студентите.

Студентскиот сојуз на ФОН Универзитетот во соработка со Центарот за развој и кариера заеднички пристапуваат кон реализација на дел од активностите, помеѓу кои и :
Вклучување на студентите во изработка на различни проекти;
Организација и одржување трибини, дебати и семинари со цел поголема интеракција, социјализација и развивање на интелектуалното ниво на студентите.
|