Дома · Контакт · e-Mail · Избери јазик: MK · ALB · EN 
Ф О Н   У Н И В Е Р З И Т Е Т
П Р В - П Р И В А Т Е Н - У Н И В Е Р З И Т Е Т - В О - Р . М .
   
 


Факултети

» Правни науки
» Економски науки
» Информациско-комуникациски технологии
» Дизајн и мултимедија
» Филолошки науки
» Политички науки, дипломатија и новинарство
» Детективи и безбедност
» Спортски менаџмент

Факултет за
информациско-комуникациски технологии

Наставен кадар
Студиски програми - прв циклус (додипломски студии)
2007-2008-2009, 2009-2010
Студиски програми - втор циклус (постдипломски студии)
2007-2008-2009, 2009-2010

Развитокот на информатика секојдневно предизвикува промени во начинот на живеењето на луѓето во модерното-информатичко општество. Ваков динамичен раст и развој на информатиката и нејзината примена во сите аспекти во работата и на животот на луѓето внесува потреба од висококвалитетен и обучен кадар од областа на информатичката технологија, способен да одговори на предизвиците на својата професија.

Факултетот за информациско-комуникациски технологии образува кадри способни да покажат познавања, професионалност и експертиза во дисциплините компјутерска наука, системско инженерство, софтверско инженерство и компјутерски комункации.

Мисијата на факултетот е овозможување комплетна образовна и научна средина во која се изведува современа и квалитетна настава како примарна цел за подготовката на студентите за успешна кариера, постдипломски студии и доживотно учење. Образовниот процес се изведува преку настава со користење на современа технологија, овозможување на практично искуство на студентите, обноввуање на професионални вештини и бази на знаења, размена на активности и на знаење со други стручњаци.

Факултетот за ИКТ подготвува инженери по информациски и комуникациски технологии со четири основни специјалности: софтверско инженерство, системско инженерство, компјутерски мрежи и комуникации и администрација на бази на податоци. Студиите се организирани по модел 3+1+1 каде што основните студии имаат времетраење од 3 години. Профилирањето на специјалностите се изведува преку избирање на групи изборни предмети организирани во модули. На тој начин на студентот му е овозможен пофлексибилен и поефикасен избор на соодветни предмети релевантни за определна дисциплина и можност да се произнесе во стручњак за определена област од информатиката.

По завршувањето на 3-те години, студентите се здобиваат со звање дипломиран инженер по Информатика. Оние кои ќе ги продолжат студиите за уште една година се здобиваат со звање дипломиран инженер по информациски и комуникациски технологии. Постдипломските студии ја опфаќаат 5-тата година и се составени од области кои го оспособуваат кандидатот за самостојна научноистражувачка работа од областа на компјутерските науки. По одбраната на магистерскиот труд, кандидатот се здобива со звање магистер по информатика.





 

Техничкиот државен универзитет од Габрово, Бугарија, и првиот приватен универзитет од Македонија „ФОН“ потпишаа договор за меѓусебна соработка. Со него во иднина овие два универзитета ќе вршат размена на професори и студенти, документации и научни публикации, заедничко учество во научни и меѓународни проекти и организирање на работни средби и семинари.



 


 

© First private university in RM - FON University 2010