Projects
|
Едуком
Официјален веб сајт
Едуком е списание за млади и за сите оние што се чувствуваат млади. Едуком нуди нови и различни извори на информации. Старата латинска поговорка вели: Scientia Potestas est (Знаењето е сила). Денеска моќта се однесува на знаењето како основа за работа и за творење. Уште една поговорка вели: Omnia mea mecum porto (Сето свое со себе си го носам). Што ние навистина имаме? Само знаењето! Тоа е секогаш тука, секогаш наше.
Зад Едуком стои поддршката на ФОН Универзитетот и на 5 Приватна гимназија. Нивното место и улога во едукативниот систем на Република Македонија е гаранција и за мисијата на Едуком. Едуком има цел да го поспеши квалитетот на знаењето на младите во Република Македонија и да се вгради во основите на модерниот образовен процес. Впрочем, тоа е целта и амбицијата на ФОН Универзитетот и на 5 Приватна гимназија. За целата поддршка ЕДУКОМ бескрајно им благодари.
|
|
| |
Уште од самото основање на ФОН Универзитет, тој активно е вклучен како поддржувач и реализатор на голем број домашни и меѓународни проекти кои се поврзани со образованието. Во нив се вклучени професорите и асистентите од ФОН Универзитет, а голем дел од активностите ги изведуваат и студентите. Успешната реализација и големиот број на проекти се доказ за квалитетот на услугите кои ги нуди ФОН Универзитет.

|
|
|